Кина е земја која може да ни понуди многу работи – од природни убавини, до чуда создадени од човечки раце и неверојатна технологија кои го менуваат животот на секој од нас …
Затоа, кога една од највредните компании во светот, која е исто така една од најголемите креатори на видео игри, социјалните мрежи и најголемата инвестициска компанија во светот, ќе одлучи да создаде план за „град на иднината“, целиот свет за момент застанува да ја слушне нивната последна идеја.

Се разбира, станува збор за компанијата Tencent, која создаде футуристички план за новата област во Шенжен, која ќе биде еквивалентна на Монако во нејзините димензии.

Нивната нова област ќе биде наречена „Net City“ од очигледни причини, додека на своите жители ќе им понуди урбан развој на 2,2 милиони квадратни метри. Дизајниран од страна на NBBJ, урбаниот простор ќе биде едно од првите меѓусебно поврзани области, со канцелариски згради, станбени простории, места за забава, паркови и поглед на вода.

Сепак, мора да го потенцираме еден факт: дизајнерите на овој урбан град им дадоа предност на пешаците, зелените површини и автономните возила. Одржливоста беше примарната идеја за дизајнот, а исто така и причината зошто сите згради се отворени, со изобилство на јавни простори и удобности, како и врски со транспортната мрежа, велосипедски патеки и траекти.

Дизајнерите дадоа се од себе за да го ослободат овој град од автомобили колку што е можно повеќе. Со планови да се изградат не само резиденции и канцеларии, туку и бутици, училишта и други јавни институции, веруваме дека животот во овој град би бил нешто најблизу до совршенство. Градот ќе има доволно простор за да живеат 80.000 луѓе, додека голем број на туристи се очекува редовно да го посетуваат сето она што им се нуди тука.

Покрај тоа што сообраќајот на автомобили ќе се намали на минимум, во овој град ќе се собере дождовницата, додека архитектите ветија дека ќе инсталираат фотоволтаични панели, каде и да е можно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОва лето носиме црвени фустани!
Следна објаваПоло фустанот е главниот тренд на летната сезона!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ