Кога размислувате за панорамата на Шангај, веројатно мислите на цела серија високи и модерни облакодери …
Сепак, градот познат по своите неверојатни облакодери, скоро ја заврши својата работа на проект кој достигнува нови длабочини: тоа е пространа и скапоцена земја на чудата изградена под земја, ограничена со sидовите на напуштен каменолом.

Луксузниот хотел, кој е дел од InterContinental Hotel Grup достигнува 88 метри во внатрешноста на каменоломот. Највисоките два од неговите 18 ката се потпираат на страните на овој простор, потопени во кампус на природни елементи, комбинирани со екстремна архитектура.

Прекрасниот стаклен лифт во стилот на водопади се движи од површината и се спушта надолу од страната на каменото лице на хотелот, додека за оние гости кои сакаат веднаш да пристигнат во центарот на овој простор е создаден хелиодром.

Двата најниски нивоа на хотелот се под површината на водата, со уникатен аквариум околу ресторанот и сместувачките единици. Секој од шесте подводни апартмани има и свој аквариум, додека хотелот како целина нуди 337 соби, меѓу се друго што ви требаат за врвно уживање.

Изградбата на 18 ката под нивото на земјата, секако, не е лесен зафат. Всушност, во период повеќе од една деценија, над 5.000 архитекти, дизајнери, планери, инженери и градители придонесоа за завршување на овој проект, кој чини повеќе од 300 милиони долари.

НЕМА КОМЕНТАРИ