Одмор без коронавирус: Прогласени се најбезбедните плажи во Европа!

Според European Best Destinations!

Туристичкиот портал Европски најдобри дестинации откри кои плажи се најбезбедни за летен одмор за време на пандемијата и ги објави десетте најдобри.

Првото место го зазеде грчката плажа Превеза на бреговите на заливот Амвракикос – се смета за најдолга во Европа. По неа следат Компорта во Португалија и Хел Полуостровот во Полска.

При составувањето на рејтингот, експертите зедоа во предвид такви фактори како што се бројот на случаи на инфекција со коронавирус, должината на плажите и бројот на квадратни метри по лице, близина на болниците, како и бројот и достапноста на приватни вили, туристички станови, мали и средни хотели дезинфекција на просториите.

Еве список на десетте најбезбедни плажи за одмор во 2020 година:
1. Превеза (Грција)
2. Компорта (Португалија)
3. Хел Полуостров (Полска)
4. Порто Санто (Португалија)
5. Плажа Халикунас во Крф (Грција)
6. Ривиера плажа (Малта)
7. Плажа Меја Праја (Португалија)
8. Јурмала (Латвија)
9. Нида (Литванија)
10. Бинц Бич (Германија)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКраткото тениско здолниште стана моден тренд!
Следна објаваКако се носи црна боја во лето
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ