Оние кои сакаат да се релаксираат и да уживаат во самостојна ароматерапија додека не помине опасноста од коронавирусот, имаат повод за радување …

Со цел да се направи периодот на самоизолација и одржување на социјална дистанца што е можно полесен, славниот бренд Долче и Габана, скоро претстави опус на миризливи свеќи, исполнети со ароми на Италија.

Инспириран од своето сицилијанско наследство, славниот бренд лансираше свеќи кои содржат свежи ноти на нероли, јасмин, темјан и многу други. Колекцијата се состои од шест различни свеќи – ll Nostro Giardino, Pino Mediterraneo, Neroli, Gentiluomo, Incenso и Alloro – од кои секоја доаѓа во керамичка вазна, кои се рачно создадени и насликани од уметниците од Калтаџироне.

Бидејќи сè уште не сме во можност да ја посетиме Сицилија и да ги почувствуваме сите нејзини привлечности во живо, овие свеќи секако можат да ни помогнат да го почуствуваме нејзините мириси.

Слободно можеме да кажеме дека тие ја претставуваат италијанската La Dolce Vita, во фантастично пакување, кој може да си дозволи и нарача!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХаризматичниот Дејвид Ганди во новата кампања на Долче и Габана!
Следна објаваMANGO со нов проект “Life in Bloom”
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ