Во обид да го врати ентузијaзмот во нашите животи и со позитивни мисли да го започнеме новото поглавје, Mango ја лансира кампањата “Life in Bloom”. Oвој проект го рефлектира актуелниот контекст, кога после месеци од социјално дистанцирање, со обновена енергија сè повеќе се насочуваме кон природата, кон оние кои ни се блиски и да го цениме многу повеќе она што светот има да ни го понуди. 

Познатиот моден фотограф Cass Bird, ја доловува сензибилноста и спонтаниот стил преку фотосесија направена во Аргентина. Во ова летно опкружување фото моделите Andreea Diaconu, Kaya Wilkins, Jill Kortleve, Oumie Jammeh, Boyd Gates и Anders Hayward се главните протагонисти во моменти на споделена радост. 

Женските модели од колекцијата за лето 2020, која е 100% одржлива колекција,  се направени од природни материјали во разиргани бои дополнети со цветни дезени. Боите како црвена, жолта и пастелна розова се тука за да придонесат за подобро расположение, додека пак силуетата на моделите – балон ракави, , карнери и широки здолништа се отсликување на богатствата и разновидноста на природата. Пуплинот е доминантен материјал во колекцијата за ова лето. 

Посетете ги продавниците на Mango во Скопје Сити Мол и ГТЦ, како и веб страницата www.fashiongroup.com.mk  и откријте ја целата летна колекција со неодоливи парчиња.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДосетливо: Долче и Габана лансираат колекција на миризливи свеќи!
Следна објава7 нови женски парфеми кои се совршени за лето!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ