***

Сведоци на минатото

Покрај природните убавини, Македонија изобилува и со многу споменици на култура и археолошки локалитети кои се сведоци на едно дамнешно минато и се мошне интересни да ги видите. Следуваат некои од најинтересните локалитети во нашата држава кои навистина вреди да се посетат.

Скопски Аквадукт

Скопскиот аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт бидејќи се претпоставува дека го изградил Јустинијан I, во период од 527 – 554 година. Друга претпоставка е дека е изграден во 16 век за време на отоманската империја. Аквадуктот се наоѓа северно од центарот на град Скопје на одалеченост односно 5-6 км по земјен пат.Во својата архитектонска композиција во правец север – југ содржи две пристапни рампи, 53 столбови, 54 основни и 42 помали сводови на затекнатите олеснувачки затворени и отворени отвори над столбовите. Вкупната развиена должина на споменикот на културата изнесува 387,98м со висинска кота на Јужната рампа 279,46м и на Северната рампа 280,485м или со денивелација од 1,025м во постојната состојба.

1

Кокино

Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во североисточниот дел на Мекедонија, во близина на границата со Србија. Таа се наоѓа во атарот на селото Кокино, на границата со селото Арбанашко. Целиот регион денес е ретко населен, така што во десетината околни села живеат помалку од 1000 жители.
Според димензиите и изгледот, локалитетот се разликува од сите дотогаш видени археолошки наоѓалишта. Локалитетот зафаќа површина од околу 5000 м2 скалесто поставен на две платформи веднаш под планинскиот врв Татиќев Камен со надморска висина од 1013 метри.
На прв поглед на локалитетот доминираат камените седишта наречени тронови кои се исклесани во карпа и се поставени во насоката север-југ. На тој начин човекот кој седи на еден од троновите е свртен кон источниот хоризонт, со што, кај археолози се јавила идејата дека можеби на тој начин биле набљудувани небесните тела.

Во поширокиот регион регистрирани се голем број на археолошки наоѓалишта од неолитскиот до средновековниот период. Тоа значи дека целиот регион има историја во должина од најмалку 6000 години преполна со значајни населби, светилишта, настани и личности.

2

Исарот

Археолошкиот локалитет Исарот се наоѓа во непосредна близина на селото Марвинци, седум километри југозападно од Валандово.
На овој простор во старо време егзистирала праисторијска населба, врз чии остатоци, благодарение на поволните услови и местоположбата во Вардарската долина, подоцна се развила античка населба од хеленистичко време, која постепено прераснала во значаен економски, сообраќаен и културен центар на областа, таканарекувана Амфакситида, што се наоѓа од двете страни на реката Аксиос денешен Вардар.

3

Баргала

Старата античка населба со градски карактер со името Баргала се наоѓала кај Долни Козјак, Штипско. Овој град бил разурнат при крајот на 4 век, но просторот не бил напуштен. Археолошките наоди покажуваат дека жителите подигнуваат нов град кај Горни Козјак, кој станал епископско седиште во 5 и 6 век. Епископскиот град Баргала е разорен од аваро-словенските напади, но набрзо потоа повторно населен. Црковната традиција на старото епископско седиште продолжила во словенскиот период на овој простор.
Во с. Горни Козјак, северно од Козјачка Река се наоѓа ран средновековен град-тврдина, кој зафаќа површина од речиси 5 хектари. Градот претставува тврдина опкружена со ѕидови и кули, со момументални влезови и порти. Тврдината на градот со ѕидовите дебели повеќе од два метри, формира издолжен правоаголен простор.

4

Хераклеа

Хераклеа Линкестис е еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт.Во ранохристијанскиот период (IV-VI в. н. е.) Хераклеа била епископско седиште. Некои од нејзините епископи се забележани во актите на неколку црквени собори. Така, епископот Euagrius се споменува во актите на концилот одржан во Сердика во 343 година, епископот Quintilius на соборот во Ефес во 449, а епископот Benignus во Цариград во 553 година.

5

Стоби

Стоби, подигнат на местото каде што Црна Река се влева во Вардар. Најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија. Подоцна станува главен град на провинцијата Macedonia Secunda. Значаен, урбан, воен, административен, трговски и религиозен центар на две империи.
Во срцето на Македонија, на крстопатот меѓу егејскиот свет и централен Балкан, претставувал седиште во кое се слевале културните придобивки од античкиот свет.

6
***

Имајте убав ден!

 

Содржината е превземена од Public Room.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд: лето 2020 – „co-ords“ oдделенo, но заедно!
Следна објаваЕдноставни јога вежби за рамен и тониран стомак
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ