Изолацијата која на сите ни е препорачана, повеќето луѓе многу тешко ја прифаќаат. Но, и покрај тоа што можеби на прв поглед ни се чини дека се наоѓаме во тешка ситуација, во која треба да следиме многу правила, таа има своја позитивна страна.

Луѓето се социјални суштества и имаат вродена потреба за интеракција, пријателство и припадност, а подолгите периоди без социјален контакт обично се поврзани со негативни ефекти врз менталното и физичкото здравје.

Но, идејата за повремено отуѓување од сите, честопати ни доаѓа на ум, а вистина е дека отуѓувањето од луѓето, може да ни помогне да го видиме животот од вистински агол.

Погледнете ја изолацијата предизвикана од коронавирусот како единствена можност да застанете и да сфатите по кој пат сакате да одите и што се треба да промените во животот. Сфатете ја моментална состојба како пауза која ќе ве подготви за идните чекори и која ќе ви помогне да организирате сè што сакате да постигнете во животот.

Помислете на самоизолација како подарок кој ќе ви помогне да се пронајдете себе и ќе ве наполни со потребната енергија за иднината.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР