Сите знаеме дека здравото живеење воопшто не е ефтино, посебно био производите и свежиот органски зеленчук.

Но затоа следниот пат кога ќе одите во продавница, купете дел од храната која можете да ја најдете на списокот подолу, бидејќи таа е ефтина и здрава.

Овие намирници ќе ви помогнат да го преживеете карантинот, да го подобрите вашето здравје и да ја вратите вашата енергија!

Јајца
„Секое утро по едно јајце, дава сила на организмот“ е поговорка која сме ја слушнале од мали нозе.
Не мора да јадете јајца само за појадок, тие можат да бидат многу хранлив оброк во секое време од денот.

Пилешки гради

Омиленото бело пилешко месо се состои од таканаречени добри протеини кои не само што се добри за вашето здравје, туку ве држат сити долго време, така што не мора во текот на денот често да посегнувате по разни грицки.

Грав
Протеините и растителните влакна во гравот се корисни.
Може да го зготвите на многу начини, а за оние што не сакаат бел грав, има замена,  црн грав.

Моркови
Морковите се едни од омилените зеленчуци кои се наоѓаат во секој фрижидер, а нивната цена е исто толку задоволувачка како и нивниот вкус.
Обарете ги, ставете ги во сос или чорби или изедете ги сирови со некој сос. Опцијата е бесконечна.

Банани
Бананите се едно од поевтините овошја кое изобилува со калиум и здрави состојки.
Јадете ги сирови или печени во разни комбинации со леб или колачи.

Замрзнати овошја и бобинки
Замрзнатите бобинки и овошје можат да бидат корисни во текот на целата година.
Ако не патите за свежо овошје, одмрзнете ги, ставете ги во миксер, додадете јогурт и направете пијалок, идеален за кое било време во годината.

Јаболко
Верувале или не, но консумирање на јаболкото секој ден, ги одложува посетите кај докторите.
Јаболкото е одличен извор на антиоксиданти, а тие чинат чуда во спречување на стареењето.

СПОДЕЛИ
Претходна објава6 најретки овошја во светот
Следна објаваКорисни 3 намирници кога сте под стрес!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР