На пазарот се наоѓаат голем број на разновидни овошја, но не сите ни се достапни. Иако имаме голем избор на здрави овошки, оние во продолжение за голем број од нас се и непознати,а воедно и недостижни,а сепак постојат и имаат голем придонес за човекот.

1. Купуаку

Купуаку главно расте во дивата дождовна шума Амазон. Ова овошје се одгледува и во некои делови на Перу. Расте 8 инчи во должина и тежина од 2 кг, и целосно изгледа како диво овошје. Ова густо гранатирано овошје има и мека вкусна пулпа внатре. Пулпата на купуаку има интересен мирис. Купуаку е богат извор на витамин Б1, б2 и б3. Всушност, купуаку е од “семејството” на чоколадото бидејќи има вкус како чоколадо.

2. Черимоја

Черимоја е едно од ретките плодови одгледувани во Јужна Америка. Пулпата на ова овошје има многу сладок вкус и пријатен мирис. Ова зеленикаво овошје има необична округла форма и тежи до 500 грама.

3. Мангостин

Мангостин е овошје кое е многу ретко на западните пазари. Расте во Индонезија, а се наоѓа и во неколку јужноазиски земји. Неговата виолетова боја е всушност кора во која во која се наоѓа овошен дел кој всушност се јаде. Внатрешноста има мала триаголна форма. Ова овошје има многу јак мирис.

4. Чудо овошје

Мало, со црвена боја, чудо овошје кое расте во тропските шуми на Западна Африка. Лекарите го користат засладувачкото дејство на ова чудо овошје за да го вратат апетитот на пациентите со карцином. Ова едноставно, егзотично овошје е уште познато и како чудо Бери, слатка Бери и чудесна Бери. Чудо овошјата исто така ви помагаат да ги намалите калориите.

5. Дуријан

Сезонското овошје на дуријан е познато како „крал на овошје“ низ јужноазиските земји. Всушност, денес постојат само неколку видови на плодови од него. Ова овошје е родно од Индонезија и Малезија. Дуријан мириса чудно поради присуството на различни комбинации на хемикалии.

6. Јабутикаба

Јабутикаба е ретко, виолетово овошје со потекло од Југоисточен Бразил. За разлика од другите плодови, јабутикаба расте на високи дрва. Ова овошје изгледа како грозје, но има посилна надворешност. Плодот расте до глемина од еден инч во дијаметар.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНамирница која ќе ви помогне во справување со проблематична кожа!
Следна објаваЗдрава и ефтина храна која секогаш треба да ја имате во фрижидер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР