Разумната грижа за телесната тежина и зајакнување на имунитетот е обврска за себе во секојдневниот живот, иако тоа е потешко да се изведе во изолација.

Еден начин е храната што ја јадеме, но некои од нас, во ситуација кога се движат многу помалку од вообичаеното, ќе потклекнат на емоционално прејадување.

Ова е причината зошто ве советуваме како да ја задржите истата тежина додека престојувате само дома.

РЕДОВНО И БАЛАНСИРАНО

Овој совет е клучот за здравјето во целина. Не прескокнувајте оброци со надеж дека ќе изгубите тежина затоа што тоа е контрапродуктивно. Организмот ќе го изгладнете непотребно, што исто така доведува до желба кон нездрава храна, па така ќе завршите со повеќе калории отколку што би имале без да прескокнувате оброци.

Започнете го денот со појадок полн со протеини што ќе ви дадат енергија, како што се јајца и јогурт. Планирајте и подгответе оброци однапред. Оваа навика исто така ќе биде корисна подоцна кога состојбата ќе се врати во нормала. Размислете за тоа што ќе готвите во текот на целата недела, а така ретко ќе посегнувате за брзи решенија кои честопати се нездрави.

Една дланка зелен зеленчук, спанаќ, кељ, блитва, измешајте ги во утринскиот пијалок или придружете ги кон обилен ручек или вечера. Зелениот зеленчук ќе ви помогне да се чувствувате полни и да го балансирате варењето на храната.

ГРИЦКИ ДА, НО ЗДРАВИ
Една од најздрава храна е мешавина од оревчести плодови и сушено овошје. Постојат многу варијанти и секоја може да го замени вашиот оброк и да ја врати енергијата само со неколку залаци. Затоа, секогаш при рака имајте мешавина од лешници, бадеми, суво грозје и суви кајсии. Доколку претпочитате побогати вкусови, додадете малку цимет, морско оревче и сол на нив, па оставете ги неколку минути во загреана рерна од 180 степени, и ќе добиете вкусни и здрави „убијци на нервозата“ или занимација додека гледате филмови.

СЕКОЈА ПРИЛИКА ЗА ВЕЖБАЊЕ
За да го согорите вишокот на калории, да го одржите мускулното ткиво кое сте го изградиле вежбајќи редовно, како и добриот метаболизам, постојат вежби и за во домот. Тие ќе го зајакнат вашиот имунитет, што е многу важно за борба против вирусот. Ако нормално одите на групни вежби во теретаната, можете повеќето од овие вежби да ги направите сами, особено оние кои не бараат употреба на справите. Одвојте најмалку половина час секој ден и направете го тренингот како што би го направиле во теретана.

Ако работите од дома, после секој час и половина станете, прошетајте и вежбајте. Вежбањето ќе ви помогне да останете фит, но исто така да го одржите вашето ментално здравје и да се справите со стресот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСок од домати – вашиот помошник во борбата против вирусите!
Следна објаваИлустрации кои ни покажуваат како да се справиме со пандемијата на коронавирусот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР