Коронавирусот го донесе патувањето во застој. Добрата вест е дека постојат начини како да “прошетате” без да ја нарушите самоизолацијата. Благодарение на Гугл и УНЕСКО, можете да посетите многу од официјални страници за најинтригантните светски наследстви во светот.
Она што ги прави некои од овие турнеи толку посебни е тоа што тие се дизајнирани за прегледување на 360 степени со Google Earth или Google Street View, така што, додека го движите курсорот наоколу, вие всушност уживате во сензацијата за прошетка низ. Не е секогаш лесно да сфатите како да се движите.Со користење на плус и минус симболите, зумирате и одзумирате за да се движите низ целата област. Подготвени да патувате? Седнете, смирете се и пуштете!
Островот Робен, Јужна Африка
Овој остров кој е светско наследство на УНЕСКО се наоѓа на помалку од пет милји од брегот на Кејп Таун. Неславниот остров е всушност затвор со максимална безбедност. На овој остров, во овој затвор активистот и иден претседател Нелсон Мандела помина 18 од своите 27 години затвор. Google нуди турнеја (комплетна со посета на ќелијата на Мандела од 6,5 x 6,5 метри), предводена од Вушуси Меконго, анти-Апартхејд активист, кој беше затворен на островот Робен од 1978-1990 година.

La Alhambra y el Generalife, Шпанија
Една од најпосетуваните туристички атракции во Шпанија,градба која е изградена главно во 13 и 14 век и е една од највпечатливите примери на исламската архитектура во светот. Користете ги плус и минус симболите за да се движите низ целата страница) за да се осигурате дека ќе излезете надвор од Алхамбра за да „прошетате“ во нејзините прекрасни градини.

Пирамидите од Гиза, Египет
Кој не сонувал да ги види неверојатните пирамиди на Египет? Едно од најголемите чуда на светот.Посетете ја извонредната Некропола на Мемфис, Големата пирамида на Куфу и што останува од иконскиот Велики Сфинкс. На вашата виртуелна прошетка, практично ќе мора да се вртите за да избегнете камили, продавачи на улица и други туристи.

Археолошки области на Помпеја, Италија
Малкумина не се запознати со вулканската експлозија на планината Везув во 79 А.Д, која го разори градот Помпеја и го затрупа поголемиот дел од нејзиното население. Со оваа турнеја низ Стрит Вју, ќе прошетате по морничави, ископани урнатини од некогаш просперитетната метропола која беше епицентарот на животот во јужна Италија.

Палатата и паркот Версај, Франција
Mais oui! Погледнете сами зошто богатството на монарсите во Франција е неспоредливо. Иконска слика која ви го одзима здивот – дури и кога ќе се посети преку компјутерски екран. Може да влезете внатре, исто така со користење на Google Street View, наместо со Google Earth.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСедете дома и чувствувајте се пријатно, убаво и негувано!
Следна објаваПогледнета како сапунот го убива коронавирусот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР