Сите посакуваме нашиот лак за нокти да трае подолго од два дена, што инаку е случај, а со неколку трикови тоа е можно.
Убави и секогаш уредно лакирани нокти, е нешто за што треба да се грижи секоја дама. Сепак, лакот често се отстранува многу брзо, па затоа треба да го поправаме секој втор ден, но има решенија и за тоа.
Подолу ви носиме 6 совети кои ќе го продолжат времетраењето на лакот до една недела.

Чисти нокти
Пред да нанесете лак, проверете дали ноктите ви се чисти. Добро измијте ги со сапун и вода, а можете да додадете и малку оцет, кој ќе ја отстрани нечистотијата од ноктите многу подобро, дозволувајќи му на лакот подобро да се лепи.

Користете лак со база на лепило
Благодарение на тоа, лакот за нокти ќе се залепи подобро на ноктите, а ќе бидат и потрајни.
Нанесете два слоја на основен лак на врвовите на ноктите.
Врвовите се повеќе склони кон оштетување и заради дополнителниот слој ќе траат подолго.

Бидете внимателни да не нанесувате лак на кожата околу ноктот
Тоа го „крева“ лакот за нокти, зголемувајќи ја веројатноста вашиот маникир да се распадне.

Секој ден нанесувајте масло за нокти на маникирот
На овој начин тие нема да се исушат и да се листаат, но во исто време ќе избегнете вишок на влага што има негативен ефект врз маникирот.

Нанесете тенок слој на безбоен лак, тоа ќе обезбеди долготрајна боја на лакот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеколку факти за корона вирусот!
Следна објаваКои реченици треба да ги кажувате на вашата ќерка!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР