Корона вирусите се голема фамилија на респираторни вируси кои можат да предизвикаат најразлични заболувања, од обична настинка до силен акутен респираторен синдром (САРС) и болест позната како респираторен синдром од Блискиот исток.
Симптоми на инфекцијата или заразата со корона вирусот вклучуваат симптоми слични на други респираторни заболувања: кашлица, отежнато дишење, скратен здив и зголемена телесна температура. Освен овие симптоми, постојат и други факти за корона вирусот кои можеби не сте ги знаеле.

Маските не се толку корисни
Иако сè повеќе луѓе ги носат, нема докази за тоа колку маските навистина штитат од вирусот. Ова е затоа што тие не ги покриваат очите, тие се лабави и не можат да се носат долги периоди – тие стануваат влажни, па затоа треба да се менуваат често.

Вирусот не се добива од животни
Нема докази дека играњето со куче или мачка може да ве заразат со нов вирус. Се разбира, тоа не значи дека не треба да ги миете рацете со сапун и топла вода веднаш по играњето со животни.

Ретко е смртоносен
Повеќето заразени луѓе ќе почувствуваат само поблаги симптоми на вирусот (кашлица, висока температура) и брзо ќе закрепнат.

Лесно е да се зарази
Може да станете заразени со дишење на воздухот кој го издишува заразено лице или со допирање на површината допрена од заразено лице.

Може да преживее на различни површини неколку дена
Вирусот може да преживее на најразлични површини до неколку дена, а тоа вклучува кваки, рачки, пари и се што ќе допрете во текот на денот, особено кога сте далеку од дома.

Децата и младите луѓе се во најмала опасност
Досегашните случаи покажуваат дека младите луѓе ретко се разболуваат, но важно е да не ги заразат старите лица со своето неодговорно однесување.

Нема се уште лекови
Не постојат лекови или вакцини за новиот вирус и на него не делуваат антибиотици – повеќето луѓе се опоравуваат сами.
Експертите во ова време работат на пронаоѓање на вакцината, но прво мора да поминат серија тестови, така да треба да уште некое време.

Поопасен е од грипот
Вирусот на грип и корона вирусот се слични во принцип само по неколку работи: постои многу поголема смртност кај пациенти кои веќе страдаат од друга болест за време на инфекцијата, а се пренесува со кашлање и кивање. Постои голема разлика во ширењето на инфекцијата – додека едно лице го пренесува грипот во просек на 1,3 лица, короната го пренесува вирусот во просек на 2,2 лица.

Може да бидете заразени, а да немате симптоми
Периодот на инкубација на корона вирус (временскиот период помеѓу изложеноста на вирусот и почетокот на првите симптоми) се проценува од 2-14 дена.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХрана која ќе ви помогне да ги исчистите белите дробови од токсини!
Следна објаваКако лакот на нокти да ви трае цела недела!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР