Состојката за суши што треба да ја вклучите во вашата дневна рутина за нега на кожата

Завиткано околу сушито, во форма на чипс за закуски или во салати, морските алги се повеќе од храна, а може да се користат и во рутините за нега на кожата.

Познати се над 50.000 видови морски алги во океанот, а овие моќни билки се богати со витамини, минерали, аминокиселини и протеини.

МОРСКИТЕ алги може да бидат корисни за сите типови на кожа и во сите козметички производи, од средства за чистење, тонери, навлажнувачи и серуми до маски за лице и козметика како пудра и кармини.

Екстрактот од морските алги може да се користи во секое време и е компатибилен со многу состојки, вклучувајќи витамин Б3, хијалуронска киселина, пептиди и други растителни екстракти.

Не постојат специфични состојки за кои постои негативна интеракција со морските алги, но се забележува дека секогаш е најдобро да се консултирате со дерматолог или козметичар при креирање програма за нега на кожата.

Тие имаат лековити својства за решавање на сите проблеми, од вишокот на маснотии до фините линии и брчките.

Лекуваат акни, розацеа и се погодни за чувствителна кожа, заштитувајќи ја кожата од лошото влијание од животната средина со создавање заштитна бариера и помагаат во намалување на кафените дамки или на формирање на пигмент или транспорт на пигменти во кожата.

Морските алги не содржат само есенцијални масни киселини кои помагаат да се одржи бариерата на нашата кожа, но исто така се богати со полисахариди како што е алгинска киселина, кои помагаат да има влага во нашата кожа.

Како и кај повеќето производи за нега на кожата, придобивките од користењето на производи кои содржат морски алги не се секогаш непосредни, туку е потребно некое време за резултатите да бидат видливи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавите фустани на доделувањето Оскар 2020!
Следна објаваЕнтериерни дизајнерски решенија за 2020/2021 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР