Да се издржи стресен работен ден смирено и со насмевка стана вистински предизвик.

Навистина не е ни чудо што од време на време едноставно сакаме да избегаме од реалноста и од сите обврски што не дават. Но, сè може да биде многу полесно ако кон обврските им пристапите без стрес.

Ова се 3 начини како да го олесните дури и нај-стресниот ден.

Следете ја вашата интуиција
Како и секоја добро организирана жена, имате план за сè. Но, понекогаш имате чудно чувство во стомакот кое ви кажува дека некои обврски не ги правите по истиот редослед, туку ги одложувате за подоцна. Тоа е вашата интуиција и таа ретко греши. Понекогаш е едноставно подобро да дозволиме нашиот внатрешен глас да нè води, затоа што само така ќе се спасиме себеси од дополнителниот стрес.

Спијте секогаш кога можете
Една од главните причини за стресот е што главно сме ненаспани и ги извршуваме сите обврски премногу уморни и со “половина мозок”. Искористете ја секоја можност  за сон, за да ја подобрите вашата продуктивност и да го зајакнете вашиот имунитет.

Понекогаш, поспоро, забавете …
Кога чувствувате дека не можете повеќе, немојте. Забавете малку, земете малку време само за себе и прошетајте или едноставно, излезете на воздух. Заборавете на телефонот и другите луѓе, сè што ви создава стрес и дозволете си неколку минути релаксација во природа. Пронајдете дополнителна мотивација во себе и дури тогаш вратете се на обврските.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВтора Слатна Памка, во фокус-македонскиот филм
Следна објаваЛуксузни торби со потпис на Balmain!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР