Второто издание на ревијата на македонски филмови –  „Златна рамка“ под мотото „Во наш филм“ ќе се одржи на 14., 15. и 16. февруари во МКЦ. На овој начин, домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските работници ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа.

„Златна рамка“ е еден вид отчет пред домашната публика, која ќе има можност  да ги погледне сите домашни филмови од минатата година, од кои некои не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите.

„ДФРМ е пред јубилеј од 70 години постоење и за 2020 си постави предизвици, а тоа се: да се официјализира/дефинира статусот на филмските работници што е од круцијална важност за оваа индустрија, како и редефинирање на начинот на финансирање на македонските филмови. Филмската индустрија во Македонија покажа дека може, а сега на потег се институциите и секоја поддршка е добредојдена“ – изјави претседателот на Друштвото на филмски работници – Игор Иванов – „Изи“.

На второто издание на „Златна рамка“ ќе бидат прикажани 22 филма во три програмски целини (долгометражни, краткометражни и документарни филмови). За време на проекциите, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја проекција. 

Во рамките на “Златна рамка”, покрај тридневната ревија на македонскиот филм од изминатата година, исто така ќе се одржат: 

  • Свечено Собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија – петок, 14.02.2020
  • Промоција на брошура наречена „Прирачник за филмаџии“ чија примена е со цел да се постигне јазично стандардизирање на филмската номенклатура. – петок, 14.02.2020
  • Презентација на МЕДИА деск Македонија на тема „Како се евалуираат проектите на Медиа?“ – сабота,15.02.2020
  • Свечено доделување на почесни награди за филмските професионалци: најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник. – сабота,15.02.2020
  • Трибина во организација на „Златна рамка“ насловена „Жената во македонскиот филм“ – недела, 16.02.2020

Ревијата „Златна рамка“ не е од комерцијален карактер и проекциите ќе бидат бесплатни. Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници, во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот Културен Центар.

14 февруари
ПЕТОК

11:30
Свечено Собрание на ДФРМ (отворен дел) – кино Фросина

12:30
Кафе пауза – кино Фросина, фоаје

12:45
Промоција на брошура „Прирачник за филмаџии“ – кино Фросина, фоаје

13:00
Собрание на ДФРМ (затворен дел)

17:00
Документарна програма – кино Фросина

„Приказна за една зграда“ 63’
режија: Билјана Гарванлиева, Мануел Зимер
продукција: Дрим фектори

19:00
Документарна програма – кино Фросина

„Медена земја“ 85’
режија: Тамара Котевска , Љубомир Стефанов
продукција: Трис филмс

20:30
Документарна програма – Џебно кино

„Господа од современа“ 25’
режија: Ана Алексовска
продукција: Лист продукција

„Театарот во Скупи“ 51’
режија: Владимир Блажевски
продукција: Фокус Покус Филм

21:00
Долгометражна програма – кино Фросина

„Незаборавна пролет во заборавено село“ 119’
режија: Куштрим Бектеши
продукција: Мануфактура продукција

 

15 февруари
САБОТА

11:30
Презентација МЕДИА Деск МK – горно фоаје
„Како се евалуираат проектите на Медиа?“ Предавач – Маша Марковиќ – експерт од Медиа 90’

17:00
Краткометражна програма – кино Фросина

„Знак “ 13’
режија: Елеонора Венинова и Јона Розенкиер
продукција: Southeast European Factory (SEE Factory)

„СК2020 “ 21’
режија: Радован Петровиќ
продукција: Кино Око

„Јас не сум Игор“ 20’
режија: Сергеј Георгиев
продукција: Контраст филм

„Идентитет“ 24’
режија: Ерман Мемеди
продукција: Фраме Ин

„Другарот“ 16’
режија: Димитар Оровчанец
продукција: Самојлик филм

19:00
Долгометражна програма – кино Фросина

„Врба“ 101’
режија: Милчо Манчевскии
продукција: Банана филм

20:30
Документарна програма – Џебно кино

„Писмото ми го донесе шампионот“ 56’
режија: Александар Манасиев, Мирко Трајановски
продукција: Видео Студио Петковски

21:00
Долгометражна програма – кино Фросина

„Втора шанса“ 80’
режија: Марија Џиџева
продукција: Смал мовес

20:30
Церемонија за доделување на почесните награди на ДФРМ и коктел забава

 

16 февруари
НЕДЕЛА

11:30
Трибина – кино Фросина
„Жената во македонскиот филм“ 90’

17:00
Краткометражна програма – кино Фросина

„Налепница“ 19’
режија: Георги М. Унковски
продукција: Синема Футура

„Бебето“ 16’
режија: Бен Аполони
продукција: Кодра Продукција

„Јов“ 22’
режија: Александар Андоноски
продукција: Видео Студио Петковски

„Вера“ 20’
режија: Верица Недеска
продукција: Стори Скоп продукција

„Змијулче“ 10’
режија: Кристина Гацова, Жарко Иванов, Крсте Господиновски
продукција: Флип Бук

„Една“ 11’
режија: Вук Митевски
продукција: Сестри и брат Митевски

19:00
Долгометражна програма – кино Фросина

„Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ 100’
режија: Теона С. Митевска
продукција: Сестри и брат Митевски

20:30
Документарна програма – Џебно кино

„(Кеиф) Македонска чалгиска традиција“ 94’
режија: Блаже Дулев
продукција: Авард Филм и Видео

21:00
Долгометражна програма – кино Фросина

„Ефектот на среќа“ 90’
(Work in progress)
режија: Борјан Зафировски
продукција: Ново Македонско Видео

„Златна рамка“ е годишна ревија на македонските филмови произведени во изминатата календарска година.
Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници, во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот културен центар.

Проекциите се бесплатни.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСандра Туфеска ќе го унапреди својот талент за цртање со награда до 2.500 евра
Следна објаваКако да се преживее стресен ден на работа?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР