Сандра Туфеска е првото Ново Име во Македонија! Таа, во првиот циклус на проектот „Ново Име“, кој во потполност е поддржуван од компанијата „ХТЛ МАКЕДОНИЈА“, а осмислен како поттик на младите таленти од подрачјето на цела Македонија, успеа со гласовите од публика да се избори за оваа ласкава титула, како и за поддршка во износ до 2.500 евра.

Но, само малку, ако случајно сте пропуштиле да дознаете за што се работи, пред да ѝ дадеме збор на нашата Сандра, следи кратко потсетување. „Ново Име“ е проект, онлајн платформа, шанса и уште многу повеќе за сите млади и бестрашни таленти од сите краеви на Македонија кои се одлучни да ги претстават своите знаења и талент на светот и благодарејќи на тоа да ја освојат наклоноста на публиката и така да добијат шанса да ги унапредат. Или уште пократко – да се стане Ново Име значи да се избори шанса да ги оствариш своите сништа така што некој ќе ти помогне твојот талент да процвета.

Оваа 20-годишна девојка од Демир Хисар на јавноста и се претстави со својата вештина на цртање портрети, акрил на платно и молив на хартија. Нејзината пријава се најде помеѓу 17 други, колку што ги задоволија неопходните критериуми во тек на првиот циклус на овој проект, чија што реализација започна во јануари, да се појави на платформата novoime.mk. Во борба за секој глас, која траеше до крај на минатиот месец, токму таа излезе како победник и со самото тоа се избори за можноста да го унапреди својот талент за цртање. 

“Поддршката на компанијата ХТЛ МАКЕДОНИЈА ќе ја искористам за унапредување на својот талент, кога станува збор за цртањето и уметноста воопшто, би сакала дополнително да се едуцирам”, истакна оваа талентирана девојка.

 

Сандра е прво Ново Име во Македонија, но тука приказната само што започнува. Имено, овој проект, од месец во месец, ќе трае до крајот на годината, а новиот круг веќе започна – до средина на февруари е можно да се испраќаат нови пријави, а паралелно течат претставувањата и гласањата за второто Ново Име.

Значи, важно е да се знае – пријавите кои порано пристигнат, порано ќе го поминат и тестот на валидноста и ќе бидат објавени на платформата, а нивниот автор, со самото тоа, ќе има повеќе време за собирање (победнички) гласови. Следниот победник ќе биде познат веќе на 1-ви март.

Проектот „Ново Име“ се реализира благодарејќи на компанијата „ХТЛ МАКЕДОНИЈА“, членка на австриската групација „Novomatic“, еден од светските лидери во гејминг индустријата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрограма за сите генерации
Следна објаваВтора Слатна Памка, во фокус-македонскиот филм
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР