Wamhouse Studio и Mariusz Warsinski со својата фотеља “Nagababa” прикажаа неправедни очекувања на жените во општеството.

Фотељата била инспирирана од познатата столица “Maestà Soffrente” на Gaetanо Pesce  од 1969 година, во која биле истакнати страдањата кај жените и родовите разлики.

“Nagababa” во директен превод од полскиот јазик значи „гола жена“ и својот фокус го става на објективизацијата на жените и на нереалните стандарди на телото денес.

Антропоморфното парче мебел, понудено во две бои, е контраст на социјалната идеја за фит и слаби жени, дејствувајќи како метафора за промени и во перцепцијата и односот кон телото на жената денес.

Везените шевови и зголемените конци се нацртани имитирајќи ги скиците на пластичен хирург на телото на пациентот, што укажува на тоа каде требало да се „поправат“ непожелните делови на телото.

Warsinski се прашува дали сите овие пластични операции водат кон самообјективност, што ги деградира жените до тој степен што сметаат дека се украс, односно парче мебел.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАплицирајте на Airbnb и поминете го денот на вљубените во куќата на Јулија!
Следна објаваZ Zegna: Нова колекција со тема личност и индивидуализам!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР