Заедно со Њујорк, Лондон е најзначајниот град во светот по буквално секој параметар како што се финансиите, банкарството, културата, транспортот, туризмот, медиумите. Лондон е повеќе од два милениума град кој е неразделно интегриран со светската економија и настаните кои влијаат на целиот свет…

Главниот град на Велика Британија живее двоен живот. Тој е град длабоко вкорен во традицијата и наследството на една нација, а од друга страна, тој е град што му покажува на остатокот од светот во кој правец да оди во однос на државното уредување, судството, економијата и сите други аспекти кои ја сочинуваат урбаната метропола.

Третиот најголем град во Европа (по Истанбул и Москва) е втор најголем центар на светот (по Њујорк). Со над 270 јазици и дијалекти кои се зборуваат во Лондон и 200 различни националности кои живеат таму, овој град е светот во мало.Токму овој неверојатно голем број нации го прават овој главен град култирно богат, со почит кон сите религии и стилови на живот.

Од исконска традиција до современите движења како панкот, главниот град на Велика Британија е место каде што контрастите не само што го прават Лондон единствен – спротивностите во општеството и културата се најдобриот пример за тоа како еден град треба да одржува чекор со светот додека го брани и одржува сопствеиот идентитет. Лондон е место на богато минато, динамична сегашност и возбудлива иднина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБела долга кошула – хит на есента!
Следна објаваMISSONI – екстравагантна кампања есен/зима 2019/20!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР