Сите ние со нетрпение го очекуваме доаѓањето на бебето на нашите пријатели, сестри, колешки, но исто така и сите го чекаме моментот кога ќе се сретнеме со со тој мал извор на среќа.
Но, пред се, бидете сигурни дека знаете некои од правилата што треба да ги имате на ум кога одите на посета на новороденче.
Запомнете, се работи за нив а не за вас…
Вашата желба да ја посетите мајката и нејзиното бебе е од љубов кон нив. Понекогаш луѓето можат да бидат толку возбудени кога ќе го видат бебето па така забораваат дека тие се всушност најважните, мајката и бебето. Значи, фокусирајте ја посетата на мајката и не очекувајте таа да ве служи и забавува. Прашајте ја кога е најдобро време да ја посетите и што е најважно, треба да ја разберете ако таа не сака да ја посетите во времето кога вие тоа сте го планирале.
Најавете се …
Никогаш не треба да одите во посета ако претходно не сте најавени. Дополнително,  можете да ја прашате мајката дали треба нешто да донесете од продавница.
Бидете корисни …
Понудете ѝ се да го почувате бебето за да може да се тушира или да отспие. Изведете го на прошетка нејзиното куче. Играјте со другите деца. Понудете ѝ да ја исчистите  куќата или едноставно, прашајте што можете да направите за неа, за да го намали стресот.
Бидете вниматлни со прашањата кои ги поставувате …
Иако сте добронамерни, сепак треба да внимавате што прашувате. Новите мајки можат да бидат многу чувствителни за прашањата кои им ги поставувате, сфаќајќи како да ги осудувате. Па, наместо прашањето: Дали го доиш бебето ?, речете: “Бебето изгледа многу здраво”. Или, на пример, наместо да прашате колкава љубов чувствува за  бебето, прашајте ја како таа се чувствува.
Некои страдаат од постпартална депресија, што може да влијае на нејзиниот однос со детето. Дајте и до знаење дека можете да бидете личноста на која може да се потпре.  Ако ви каже дека е депресивна, поттикнете ја да ја посети лекар.
Не го коментирајте домот или нејзиното тело …
Последното нешто со што мајката сака да се занимава тогаш е самосвеста за нередот во домот или изгледот на нејзиното тело. Забелешките како “Куќата ти изгледа како торнадо да поминал низ неа” или “Изгледаш исцрпено” едноставно не се во ред. Можеби ви звучи смешно, но овие забелешки постојано се случуваат.
 Не ги коментирајте нејзините одлуки …
Не е време за несакани совети, без разлика колку знаете за мајчинството. Одлуките кои се однесуваат на тоа како се храни и чува детето, дали се враќа брзо на работа или не, се лични работи во кои вие не треба да се мешате.
Не се задржувајте долго …
Иако посетите за новороденчето се забавни, треба да си одите на време бидејќи мајката мора да спие, да биде со бебето или да ја гледа својата омилена серија.  Покрај тоа, можете да ја посетите по неколку недели, да ја однесете на ручек, а таа ќе биде пресреќна што ве има.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваХит патики: Concepts x Versace!
Следна објаваНајубавите фустани од H & M по пристапни цени!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР