Да се одбере летен парфем кој подеднакво добро ќе мириса во зачадената метропола и на долга песочна плажа е вистинска уметност.

Одбравме седум прекрасни мириси кои се освежувачки и мирисаат на влажен морски песок, кокосово млеко и зрели круши.

И нека биде лето, со своето бескрајно сино небо, забави до зори, ледено просеко и омилен парфем кој ќе ги зачини сите ваши летни авантури.

BEACH HUT, AMOUAGE – ноти на кашмирски мошус и земјени пачули.

EAU DE CAMPAGNE, SISLEY – ноти од сочни цитруси, дабов мов, мошус и пачули, звучат неверојатно благо, но многу забележливо

NETTLE & WILD ACHILLEA, JO MALONE LONDON – дива коприва, со чисти и свежи белешки на ајдучка трева

доминираат ноти од бергамот, ветивер, бел мошус

LAZY SUNDAY MORNING, MAISON MARGIELA – доминираат ноти на

 зрели круши, момина солза, портокал, лиљани и свежи рози, кои постепено се претвораат во бел мошус и пачули.

FLORA CHERRYSIA, GINGER PICCANTE, COCONUT FIZZ, GUERLAIN – вистински летен коктел сок од кокос, сочно овошје од бергамот и сандалово дрво.

EAU DE LIERRE, DIPTYQUE – доминиранаат ноти од циклама, гераниум, розово дрво, мошус и дрвени ноти.

 HERBAE, L’OCCITANE – мириси од зелен бергамот, розев бибер, дива роза, диви капини, бели коприва, диви растенија, мошус и кашмир

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДивиот запад во колекцијата на Versace Resort 2020!
Следна објаваЗошто не се носи бел градник под бела маица?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР