Стресот е еден од најголемите проблеми на денешнината
Се повеќе и повеќе луѓе се преоптеретени со секојдневните проблеми, работа и исцрпеност. Чувство на исцрпеност или неспособност за функционирање во животната средина. Како да се намали стресот на природен начин? Ние ви предлагаме пет дневни ритуали кои ќе ви помогнат да го намалите стресот и да ја подобрите вашата благосостојба.

Правило – 60 секунди

Медитацијата станува се повеќе популарна, но повеќето луѓе немаат време да издвојат најмалку 20 минути за тоа. Правилото 60 секунди е совршен спој на медитација и недостаток на време. Едноставно, затворите ги очите и дишите длабоко една минута. Така ќе ја запрете брзината на мислата и стресот и ќе ги слушате сопствените мисли.

Седнете за време на оброкот

Често сте во голема гужва, па заборавате правилно да ги извршувате рутинските активности како што е јадењето.

Наместо да стоите во кујна и го јадете својот брзо подготвен оброк, а во исто време правите проверка на e-mail, одвојте време за да се постави оброкот на маса и најмалку 10 минути одморете и јадете во мир.

Излезете од затворените простори

Вежбањето е најдоброто нешто што можете да го направите за вашето тело и душа. Но, одењето во теретана често може да биде заморно. Кога станува збор за намалување на стресот, најдобриот начин за вежбање е во природа. Отворениот простор ви дава поголема слобода и го смирува вашиот ум, тело и дух.

Бидете креативни

Повеќето луѓе ја игнорираат својата вродена желба да бидат креативни, сметајќи го тоа како премногу детски. Во последно време, боенките станаа еден од најпопуларните начини за решавање на стресот кај возрасните. Кога ќе го вклучите детето како аспект на нас самите, тоа навистина ја отвора вратата за инспирација, свежи идеи и енергија на надеж.

Разубавете го просторот каде што го поминувате поголемиот дел од вашето време

Често пати ги занемарувате просторите каде што го поминувате поголемиот дел од вашето време. Наместо тоа, обидете се да ја разубавите вашата околина секој ден. Купете свежо цвеќе за вашата работна маса или запалете свеќа кога се туширате, тоа ќе ви помогне полесно да влезете во денот или да се релаксира пред спиење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако се чистат костимите за капење?
Следна објаваКостим за капење кој ќе ги покрие сите недостатоци!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР