Соодветен костим за капење е тешко да се избере, а кога ќе го најдете, погрижете се да трае подолго за да може да го носите повеќе сезони.

Солта, потта и хлорот го иритираат материјалот, па затоа треба да го исперете со благ детергент или шампон и да го исушите на рамна површина за да не се растегне.

Најдобро е, костимот за капење после перењето да го ставите во крпа што ќе ја собере вишокот на водата, без да го изложувате директно на сонце. Така ќе ја задржи оригиналната форма и боја.

Ако имате флека на вашиот костим од кремата за сончање, отстранете ја со сода бикарбона или оцет. Ставете ја сода бикарбоната на флеката и по час или два исплакнете или ставете го костимот за капење во пластичен сад со топла вода и оцет во сооднос од 4: 1 и по еден час или два,  исперете го со детергент и исплакнете.

СПОДЕЛИ
Претходна објава4 добри причини за да ги посетите Карибите!
Следна објава5 дневни ритуали за намалување на стресот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР