Oслободете се од лошата енергија во куќата

Фенг Шуи, кинеската вештина за уредување на просторот и живеење според неа, вели дека не е сè само во позиционирањето, бидејќи секој од предметите носи својата енергија …

Сувото цвеќе (вклучувајќи и потпури) создава лош фенг шуи, бидејќи тоа претставува неподвижна енергија.

Скршени, нефункционални апарати или електроника со време носат здравствени проблеми, прекини во врските или непријатна ситуација на работа. Или поправете ја оваа техника или фрлете ја. Многу е подобро, според филозофијата на Фенг Шуи, просторот да се остави празен, наместо да го пополните со неисправен телевизор, тостер или друг апарат.

Растенијата во фенг шуи го симболизираат растот, но само ако растат. Ако вашите растенија умираат, тие ќе ви создадат проблеми. Можеби ви е тешко да станете наутро, а на работа се чувствувате уморни. Можно е да сте премногу уморни за секс. Ако растенијата страдаат затоа што сте невнимателни, фрлете ги и набавете здрави растенија и бидете сигурни дека ќе се грижите за нив повеќе.

Лекови на кои им поминал рокот на траење. Освен што не се препорачува да се консумираат лекови и козметика по истекот на рокот, се чини дека нивното складирање е лошо за вашиот дом. Според Фенг Шуи, тие содржат токсична енергија која во голема мера може да го попречи вашето опуштање, физички и ментално, за време на вашиот одмор. Затоа, проверете ги кабинетите и кутиите и ослободете се од сите лекови на кои им поминал рокот на траење.

Стара храна во фрижидерот – Фенг Шуи ја гледа храната како симбол на вашата способност да примате и давате љубов. Затоа, фрижидерот полн со стара и расипана храна може сериозно да ги загрози вашите врски. Проверете ја неделно, но не заборавајте ги ни плакарите и другите места каде што ја чувате храната. Фрлете се што веќе не е за јадење.

Фотографии на поранешните љубови. Дури и ако сте во добри односи со поранешниот / поранешната, не е здраво да ги изложите нивните фотографии на видливи места. Фотографиите сами по себе содржат силна енергија и имаат големо влијание врз вашата потсвест. Ако сакате да направите место во вашиот живот за траен и здрав љубовен однос, зачувајте ги вашите стари фотографии во албуми или кутии. Тоа ќе биде симбол на вашата желба за нова врска која потоа полесна ќе ја привлечете.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдноделни костими се совршен избор за плажа!
Следна објаваКатче за вашите растенија во домот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР