Кајсијата е едно од најпопуларните овошја во светот.
Денес, ова овошје е достапно во целиот свет. Малкумина можат да му одолеат на прекрасниот вкус и кадифената текстура на нејзините златни плодови.

Кајсиите ги содржат витамините К, Б1, Б2, Б3, Б6, Е и минералите калиум, калциум, бакар, железо, магнезиум, манган, фосфор и цинк. Тие исто така имаат каротеноиди кои имаат исклучителни антиоксидативни својства.

Здравствени придобивки од конзумирањето на кајсии:

Штити од рак
Антиоксидансите и другите супстанции од плодовите на кајсијата имаат моќни ефекти во превенција од ракот.

Ублажува болки од артритис
Кајсијата и нејзиното масло имаат силни антиинфламаторни својства, поради што е од голема корист за артритичните болести. Маслото од кајсија особено помага да се намали болката во подрачјата погодени од артритис, но исто така придонесува за намалување на други симптоми на оваа болест.

Го подобрува варењето
Кајсиите се богати со влакна кои го балансираат метаболизмот и спречуваат запек.
Тие содржат големи количини на пектин и целулоза кои делуваат како благ лаксатив и на тој начин помагаат во лекувањето на затворот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако гневот влијае на вашиот организам?
Следна објаваУникатна куќа во пустина!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР