Лутината може да ги зголеми воспалителните процеси и е поврзана со состојби како срцеви заболувања, рак и артритис.
“Нашата студија покажа дека гневот може да доведе до развој на хронични болести”, објаснува главниот автор на студијата за влијанието на гневот врз нашиот организам, Меган Барлоу од Универзитетот Конкордија во Монтреал.

За потребите на оваа студија, истражувачите испитувале 226 возрасни лица, на возраст од 59 до 93 години, кои ги пополнувале прашалниците за тоа колку често се лути или тажни. Учесниците исто така беа запрашани дали имале хронични болести и од нив се земени примероци од крв за да утврдат дали имале воспалителни процеси во телото.

Резултатите покажаа дека секојдневниот гнев е поврзан со повисоки нивоа на воспаленија и хронични болести.

Но, негативните емоции, вклучувајќи го и гневот, не се секогаш лоши и можат да бидат корисни во одредени околности.

 

“Лутината е емоција што може да ги мотивира луѓето да ги следат животните цели. Луѓето можат да го искористат тој гнев како гориво за да ги надминат предизвиците на животот и новите губитоци”, рече Барлоу.

Важно е да се разберат кои негативни емоции се штетни за да научи како да се справите со нив на здрав начин.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВенко Андоновски по вторпат добитник на наградата Рациново признание
Следна објаваЗдравствени придобивки од конзумирањето на кајсии!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР