Еден од најистакнатите и најчитаните современи македонски писатели, Венкo Андоновски, добитник на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на голем број меѓународни награди, по вторпат го доби високото Рациново признание за своето најново прозно дело „Припитомување на кучката“, во издание на Издавачки центар ТРИ.

Наградата уште еднаш го потврдува прозното мајсторство на Венко Андоновски, еден од најдобрите македонски раскажувачи. За неполни 6 месеци од нејзиното прво објавување, збирката раскази „Припитомување на кучката“ доживеа и второ издание, што го потврдува огромниот интерес на македонските читатели за неговите дела, кои досега се продадени во илјадници примероци.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОвој викенд 3Х3 2K19 во SKOPJE CITY MALL
Следна објаваКако гневот влијае на вашиот организам?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР