Слатките црвени цреши се наше омилено овошје во кое уживаме на повисоките температури.
Ова неодоливо овошје ги содржи витамините А, B и C, биофлавоноиди, елегична киселина, антоцијанин и мелатонин – состојки кои помагаат во борба против ракот, спречување на болести на срцето и олеснување на болка предизвикана од артритис, главоболка и симптоми поврзани со фибромиалгија.

Свежите цреши се добри за отстранување на физичка и ментална исцрпеност, па затоа земете ги со вас во канцеларијата и грицкајте ги како меѓуоброк.

Според научните истражувања, флавоноидите кои се наоѓаат во црешите (кверцетин) имаат анти-канцерогени својства и помагаат во спречување на срцевите заболувања. Црешите се сметаат за важен извор на кверцетинот.

Антоцијанините кои се наоѓаат во црешите ги блокираат воспалителните ензими и ги намалуваат болките. 20 цреши се десет пати повеќе ефективни од аспиринот и имаат позитивни ефекти на гихт и болките од артритис.

Црешите се сметаат за добар извор на бор, ( содржат 396 ug / 100 грама), кои во комбинација со калциум и магнезиум имаат исклучително корисен ефект врз здравјето на коските.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТепих – совршен детаљ во ентериерот!
Следна објаваНајромантичен предлог: обетки во форма на срце!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР