Јогурт диета е диета со која можете да изгубите до четири килограми за три дена.

Дејството на оваа диета се заснова на придобивките од пробиотичките јогурти кои го потикнуваат здравјето на цревната флора.
Благодарение на нив, храната се вари побрзо, па така и отровите се елиминираат од телото. Кога храната е целосно сварена, се подобрува и здравјето на цревата и општото здравје на организмот.

Се препорачува да пиете до 2 литри јогурт секој ден. Со јогурт можете да јадете свежо овошје, зеленчук и месо.

Диета од јогурт за 3 дена:

Прв ден
За појадок, јадете салата од краставици со јогурт. За ручек, испечето го пилешкото на маслиново масло со прилог од 2 домати и јогурт. За вечера, овошје од бобинки со јогурт.

Втор ден
За појадок, одберете јогурт со снегулки. За ручек, динстани печурки на маслиново масло и ориз. За вечера пред спиење, изедете морков и јогурт.

Трет ден
За појадок со јогуртот измешајте сирење, јаболко и малку цимет. Ручајте филе од ослич со салата од јогурт и краставици. Вечерајте: една пиперка, варено јајце и јогурт..

Важно: Oваа диета не смее да се држи повеќе од три дена, за да не му наштетите на организмот.

По 3 дена, вратете се на нормалната исхрана, а ако сакате да ја повторите диетата, почекајте 3 недели.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОва се топ 7 пролетни модни трендови !
Следна објаваКадравите шишки се нов тренд на убавина!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР