Безвременските винтиџ ентериери се инспирација која повторно ги освојува бројните ентузијасти, архитекти и декоратери. Старомоден намештај, неутрални бои и по некое платно од апстрактна уметност се елементи кои  ќе дадат безвременски шарм на вашиот простор. 

Музеjски стил, како некои го нарекуваат, припаѓа на класичните архитектонски стилови. Умтенички дела како што се бисти, статуетки и декоративни скулптури се карактеристични за овие ентериери, додека кога станува збор за изборот на боја, доминира една базична боја, a се друго би требало да се вклопи во истата, односно да биде во слични нијанси, дали се работи за подови, плочки или теписи.

Винтиџ софи, раскочни лустери и sидни панели, со сигурност ќе внесат доза на луксуз во просторот. Шармот се крие во деталите, но внимавајте да не претерате, и држете се до добро позната изрека `LESS IS MORE`

Во продолжение погледнете го нашиот избор на неколку винтиџ ентериери!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР