Лисјата од ловор и цимет се намирници за кои се зборува многу кога во прашање е здравјето. Се верува дека помагаат во лекувањето на многу болести, но што се случува кога тие се конзумираат заедно?

Се добива еден од најмоќните сојузници кои ќе ви помогнат да ја доведете линијата до совршенство.

Ловорот и циметот го регулираат метаболизмот.

Пијалокот од ловор и цимет обезбедува добро варење и обновување на целото тело. Покрај тоа, има одличен вкус, така што нема да ви биде тешко да го консумирате секој ден. Двата зачини имаат антисептичко и диуретско својство, помагаат и го креваат тонусот и ги спречуваат гасовите. Исто така, шоља од овој чај ќе ве засити добро, па не претерувајте со оброкот по кој треба да се земе овој чај.

Овој чај го подобрува расположението и ги олеснува симптомите на депресија. Го чисти целото тело од отрови, а на организмот ќе му подари многу важни супстанции, како што се витамините А и Ц, витамини од групата Б (ниацин, рибофлавин, пиридоксин), пантотенска (витамин Б5) и фолна киселина.

Што се однесува до минералите, во шоља од овој чај има калциум, калиум, манган, магнезиум, железо, селен, цинк и бакар.

Како лаворот и циметот го регулираат метаболизмот

Ловоровиот лист во голема мера придонесува за елиминација на токсините од телото. Помага да се намали нивото на мокрачната киселина во телото и нивото на шеќерот во крвта. Ја активира циркулацијата на крвта, помага во одржувањето на здравјето на црниот дроб и го забрзува метаболизмот, помагајќи при брзо согорување на складираните масти.

Чај од свеж ловоров лист и цимет е одличен за дијабетичари

Состојки: 1 литар вода, 2 стапчиња цимет, 5 ловорови лисја

Подготовка: Загрејте ја водата во тенџерето, кога ќе зоврие додаете ги стапчиња од цимет и лисјата од ловор. Оставете полека да вријат околу 20 минути, па потоа отстранете го тенџерето од огнот и оставете ги сосстојките во садот уште 30 минути. Отстранете ги листовите од ловор, процедете го чајот и сипете го во стаклено шише.

Примена: Првата шоља чај се пие на празен стомак, а остатокот, по шоља после оброк. Би требало во текот на денот да си испие чајот од целото шише.

Ако прв пат го пиете чајот од ловор и цимет, почнете да пиете едно шише два или три пати неделно, за да видите дали ви одговара.

Забелешка: Листовите од ловор не смеат да се јадат, туку се конзумира само чајот од зовриените лисја. Не купувајте суви, туку свежи лисја од ловор, купете цимет во стапчиња, не во прав – така чајот ќе има посилен ефект.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 модели на фармерки за пролет / лето 2019 кои едноставно мора да ги имате!
Следна објаваМодни и стилски совети за избор на модел за матурската вечер!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР