Избледен тексас

izbeljene 1

Фармерки кои изгледаат како износени и избледени, се дел од овогодишните колкеции на најпознатите креатори, Stellа McCartney, Balenciagа, Givenshy …

izbeljene

Контрастни уметоци, вез и апликации

Тексас со посветли или потемни бои, кожа и дезенирани материјали се голем хит, а се додаваат на страните, напред или асиметрично (во еден од последните модели на ревијата на Lagerfeld, можеа да се видат тесни ленти по должината на колковите и ногавиците со неговото лого), а се вистинско освежување за класични модели на фармерки.

kontrastni umeci

Подвиткани ногавици

Ногавиците оваа сезона никако не треба да се скратуваат или да се прилагодуваат на висината, бидејќи кога ќе се подвиткаат, стануваат еден од најсилните трендови за пролет / лето 2019. Покрај тоа, би било добро ако е можно, да бидат подвиткани дури до коленото, бидејќи фармерките во тој случај , делуваат уште поинтересно.

Cuffed jeans spring summer 2019

zavrnute nogavice

Подвитканите ногавици најдобро е да се спарат со машка кошула или кимоно јакна до половина на бутот. За оние пак, кои сепак се уште сакаат да ги скратат своите фармерки – земете ножици и сами исечете колку мислите дека треба и ни случајно, не ги порабувајте, туку гледајте на краевите да висат што повеќе конци. 

froncle

Долги ногавици…

Ако вашите ногавици ги покриваат чевлите, оставете ги така. Премногу долгите панталони ги кријат потпетиците и додаваат неколку сантиметри, а велат дека тоа е исто така во тренд …

simon cowell style

Имено, фармерки над чевлите се ултимативен must have, а со нив, се разбира, задолжителни се високи потпетици. Најдобриот ефект се постигнува ако таквите панталони се носат со сакоа со “засилени” раменици или асиметричен топ.

Широки ногавици …

tatine pantalone 3

Оваа година нема стегнато движење, сè е удобно и комотно.

Фармерите кои се неколку броеви поголеми или изгледаат како вреќа, (со висок струк), се must have на сезоната.

Тие се комбинираат со лесна јакна со широки рамења, асиметрична свилена туника, чизми во шпиц или сандали со високи пета.

tatine pantalone 2

Секако, тука е и ременот од џинс, иако доаѓа во обзир и кожен ремен со брутална метална тока.

СПОДЕЛИ
Претходна објава7 модели на обувки за пролет /лето 2019!
Следна објаваОва е најмоќниот чај на светот (рецепт) !
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР