Брендот Revalid ®, по повод 8 март ги здружи трите познати македонски убави дами. Лила Филиповска, Јована Стојменовиќ и Ведрана Ѓорѓевивиќ, успешни дами во своите професии и познати по своите убави и негувани коси да позираат за овој бренд и да пратат силна порака за борбата на жените за економска, социјална и политичка рамноправност во општеството.

“Како што веќе знаете, успешната соработка помеѓу Revalid козметиката за нега на коса и мене трае веќе одреден период и секогаш се трудиме да понудиме нешто ново. Кога се подготвуваше концептот на кампањата за оваа година, сосема случајно дојдовме до идејата да направиме фотографии во ке бидат три дами. Баравме жени кои се успешни, храбри и независни. Јована и Ведрана ни беа првата асоцијација, бидејќи се преубави, негувани и успешни жени. Што се однесува до фото-сесијата, се помина одлично. Совршено ни се поклопија енергиите, атмосферата беше забавна и вистинско е задоволство да се соработува со нив. Фотографијата е буквално women power :)” – рече Лила Филиповска.

Косата е украс на секоја жена, но и огледало на нејзиното здравје. Затоа, потрудете се секогаш да одберете фризура според обликот на вашето лице, но најважно од се, потрудете се секогаш вашата коса да изгледа уредна, негувана и убава.

Со генерации жените се труделе да ја негуваат својата коса, да и обезбедат најдобра нега и да ја заштитат од несакани надворешни влијанија.

Revalid® е бренд основан во Швајцарија и специјализиран за производи за нега на коса и е посветен на здрава, убава и силна коса. Тие веруваат во холистички пристап при што косата се храни од коренот до врвот.

Тие добро ја разбираат директната врска меѓу здравјето и изгледот на вашата коса и вашата самодоверба. Ова е причината зошто тие работат неуморно и развиваат  производи кои се справуваат со проблемите на косата во коренот, враќање на нејзината природна убавина и подобрување на вашата самодоверба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПОЗНАТИ СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ОХРИД,OHRID CALLING 2019
Следна објаваTimberland – Brooklyn фото-натпревар
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР