Од денес, 11.03.2019, па сè до крајот на месец март 2019 год., Timbеrland Македонија ги повикува сите вљубеници во фотографијата да учествуваат во фото натпревар, во кој ќе го прикажат своето омилено место во Скопје за бегство од градскиот метеж.

Koја е вашата оаза сред урбаниот хаос?

Правила на натпреварот

Направете фотографија од Вашето омилено место за бегство од секојдневниот градски метеж. Локацијата треба да биде во Скопје, место кое вие сметате дека е уникатно и смирувачко – оаза сред урбаноста, а фотографијата треба во целост да го долови духот на местото кое го претставувате.

Фотографиите означете ги со хаштаг #escapeanywhereskopje и испратете ги на timberland@fashiongroup.com.mk.

Натпреварот трае од 11.03 до 31.03.2019. Победниците ќе бидат прогласени на 05.04.2019 година. Фотографиите ќе ги оценува жири, чиј состав дополнително ќе го објавиме.

Најдобрите две фотографии ќе добијат награда – производи од Timberland (колекцијата Brooklyn или Delphiville), a следните двајца ќе добијат картички со попуст.

Во натпреварот може да учествува секој, а особено ги охрабруваме полу-професионалните и професионалните фотографи да земат учество.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваRevalid ги спои трите познати убави дами: Лила, Јована и Ведрана!
Следна објаваМодна кампања на Vera Wang – пролет/лето 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР