Во топлите води на источниот брег на Мексико, можете да ја искористите оваа можност, да пливате со големи риби за време на експедицијата која трае четири дена, со професионални фотографи кои ги документираат сите важни моменти …

Пливајте со елитната група четири денови, заедно со најголем број на кит ајкули со кои можете да се сретнете насекаде во светот. Со животен век од 100 години, кит ајкулите дневно се хранат со 38 килограми туна и планктони. Нивната должина може да достигне до 20 метри, поради што едноставно, асоцираат на некоја недопирлива моќ и стравопочит.

Plivajte sa ajkulama i luksuzom

Експедицијата за која зборуваме може да угости само четири групи на патници годишно, со максимум шест лица. Трошоците за патувањето се околу 88.000 долари, а според мислењето на експертите, тоа е совршен романтичен подарок за Денот на вљубените.

Ајкулите со кои ќе се сретнете се нежни џинови, а вашите патишта ќе се вкрстат за време на нивната миграција. 

Plivajte sa ajkulama i luksuzom

Целото патување, од моментот кога ќе слетате во Мексико, е исполнето со чист луксуз. Ќе останете во луксузниот хотел во Исла де Мухерес, ќе јадете најдобра храна, а ќе се будите со неверојатен поглед кој ќе ви недостасува кога ќе се вратите дома.

Plivajte sa ajkulama i luksuzom

Додека уживате во подводниот свет, многу е веројатно дека ќе се сретнете, покрај кит ајкулите и со гигантски раџи кои се сосема безопасни и нежни. Исто така, може да налетате на желки, делфини и многу други припадници на морскиот универзум.

Plivajte sa ajkulama i luksuzom

 

Plivajte sa ajkulama i luksuzom

СПОДЕЛИ
Претходна објаваELIE SAAB на haute couture модна недела!
Следна објава5 Декоративни елементи кои треба да ги набавите во 2019 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР