Ако сакате иновативно место за одмор, што дефинитивно не е како ниедно друго, имаме одлична дестинација за вас …

GG Conservation во Harismith во Јужна Африка, не е за оние со послабо срце, туку е наменето за љубителите на права и вистинска авантура. Покрај фактот дека ова место е потенцијална вила каде што можете да престојувате, имотот е дом и на 77 лавови.

Lion House, како што таа се нарекува, е куќа со три спални соби, совршена за љубителите на дивиот свет.

Таму можете да уживате во пространиот отворен двор секое утро со шоља кафе и звуци од лавови, додека вечерите се резервирани за скара или лежење покрај каминот.

Родена и израснат во Лидс, Сузан е директорка ма ова место и вели: “Вие сте многу близу до лавовите, помалку од еден метар, кога стоите до оградата. Од скалите, тремот или дворот, се наоѓате на два метри од нив. Тоа е како да живеете помеѓу нив, како да сте дел од чопорот. Секако, најдобриот дел е кога се слуша звукот на лавовите во вечерните часови, кои навистина ве инспирираат со нивната моќ и сила.”

Се разбира, безбедноста тука е најголем приоритет, па така електричните огради ја опкружуваат градбата. Лавовите се наоѓаат во своите кампови, зад силни огради кои се направени според стандардите и законите “, вели Сузан.

Исто така, постои и електрична ограда над сите камповите, која е направено од претпазливост поради безбедноста од лавовите, бидејќи тие можат да ја преминат оградата ако тоа го посакаат. Електричната ограда со благи шокови ќе ги задржи на безбедно место.

Покрај лавовите, тука живеат диви антилопи, зебри, ноеви, импали и други животни, кои можат саму таму да се видат. Со мала дополнителна цена, исто така можете да уживате во прошетка низ резерватот со водич.

Мора да напомене дека GG Conservation е непрофитна организација, така што секоја резервација за одмор тука создава профит кој е насочен кон хуманитарни организации кои се занимаваат со заштита на лавовите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваOMEGA – ги воодушевува жените со нови часовници!
Следна објаваНиски температури, уште пониски цени!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР