Легендите за Бали се бројни, магични и фасцинантни …

Сепак, реалноста на овој остров е нешто помалку мистична од нив. Покрај оризовите полиња и светите храмови се наоѓа еден сосема различен Бали – оној што се карактеризира со бели песочни плажи, а понекогаш и диви џунгли, кои ги има насекаде, така што таму никнуваат одмаралишта за јога.

Откривањето на правата есенција на овој остров, бара од нас да го доживееме тоа што води подалеку од славните градови, кон селата како Келики и Абиансемал, на пример. Овој хиперлокален фокус на Бали станува се повеќе и повеќе популарен на некој неочекуван начин, со нови хотели, но и тие кои постојат долго време, кои нудат искуства кои целосно ги заобиколуваат традиционалните туристички патеки.

Денешниот модерен Бали, кој се состои од шик бутици, барови на плажа и луксузни хотели, може да ви отвори прозорец кој ве води низ легендарниот остров на боговите.

Бали не е острово кое ќе ви понуди само третмани за здравје, здрава храна и слични работи. Тоа во себе крие изобилството на забава, која оди од ексклузивните клубови, до истражување на непрегледните делови на островото, на кое сите пријатели ќе ви завидуваат.

Artotel Beach Club, сместен е во џиновска куќа на дрво од бамбус, а познат е по својата тропска кујна и вибрации на добра забава.

Клубот Kubu Beach, врежан во карпа со поглед на Индискиот Океан, всушност е совршена, интимна оаза која нуди мени на тики коктели.

Ако сакате ноќна забава со музика во живо, елегантни коктели и софистицирани гастрономски десерти, посетете го Como Uma Canggu Beach Bar, каде релаксацијата добива сосема ново значење.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБелата кошула е безвременска класика!
Следна објаваНеделна програма во Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР