Филмовите со силни женски ликови и хероини, односно филмови кои се занимаваат со женските права и подемот на жените во општеството, во моментов се многу популарни. Истакнатиот режисер Wash Westmoreland ја прифати не толку лесната задача да режира биографска приказна за писателката Sidonie-Garbrielle, денес многу по-позната по името Colette. Таа е една од најпознатите француски писателки на своето време, која остави зад себе серија успешни приказни и романи, од кои денес секако е најпознато дело „Gigi“ од 1944 година.

Оваа приказна најпрво ќе биде преточена во театарска претстава во 1951 година, во која главната улога ја играше сеуште не познатата Audrey Hepburn, а потоа и во мјузикл во 1958 година, кој на крајот ќе освои девет престижни Oscar награди, меѓу кои и оној за најдобар филм на годината.

Во 1948 година, Colette била номинирана за Нобелова награда за литература.

Премиерно прикажан на овогодинешниот филмски фестивал во Торонто, филмот COLETTE ја собра симпатијата на публиката, но исто така доби и многу добри критики, од кои особено се пофалени двајцата главни актери. Dominic West е номиниран за најдобра споредна машка улога за Британската независна филмска награда, а Keira Knightley високо конкурира за уште една номинација за Оскар (таа досега е номинирана два пати во нејзината кариера – за Гордоста и предрасудите и Игра на имитација ).

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGucci: Празнична кампања на подароци!
Следна објаваIrinа Shayk е новото лице на Marc Jacobs Beauty за Русија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР