Скоро секој сака да ја посети Ирска во текот на летото, но ретки се оние кои знаат дека зимскиот одмор во Ирска може да биде магичен. Ирското гостопримство ја прави оваа земја уште потопла и примамлива за да ја посетите. Постојат многу причини зошто треба да ја посетите оваа земја бар еднаш во текот на оваа сезона, а доколку еднаш ја посетите ќе сакате повторно да го доживеете истото искуство.

Иако можеби мислите дека Ирска е ледена и влажна цела зима, всушност земјата има прилично умерена клима, па затоа ретко ги доживува екстремните температури. Снегот кој ја наросува земјата и ја прави уште помагична и волшебна, особено на места како што е Националниот парк Wicklow, а има шанси сонцето да е веднаш зад аголот.

Во Ирска има илјадници пабови, односно од последното броење има 6,367 пабови, затоа е тешко да се одлучите за некој омилен, едноставно сите воодушевуваат на различен начин.

Исто така, зимата носи можност за одлична цена на авионските карти. Авионска карта до Ирска во текот на летото може да биде навистина скапа, но доколку патувате во оваа сезона ќе откриете дека цените се изненадувачки прифатливи.

Една од најдобрите причини за патување надвор од сезона е дека веројатно нема да мора да застанувате во долги редови или да се борите со густата толпа. Тоа ја прави посетата на најпопуларните атракции во земјата попријатна, како и ви дава можност за правење подобри фотографии.

Иако трае само 17 минути, луѓето патуваат од целиот свет за да го посетат ирскиот легендарен зимски краткотраен спектакл во Newgrange. Побарувачката е толку висока и затоа ќе мора да бидете меѓу среќните 120 посетители кои се одбрани од годишната лотарија за да влезат во гробницата за време на нејзиното вонредно 5000-годишно светлосно шоу.

Можеби ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека спектакуларното светлосно шоу Aurora Borealis, ја посетува и Ирска. Полуостровот Inishowen и целото северно крајбрежје имаат тенденција да бидат најдобри места за да се доживеат Northern Lights, иако се забележани и во други области, вклучувајќи ги и Островите Aran од западниот брег.

Кога времето е премногу студено за да уживате во прекрасните ирски сценографии, треба да се насочите кон затворен простор и да ги истражите фантастичните музеи во Ирска, вклучувајќи ја и изложбата Book of Kells која се наоѓа во прекрасната зграда на Старата библиотека. Изложбата обезбедува фасцинантен поглед назад во времето, вклучувајќи ја и најдобрата збирка на праисториски златни артефакти во цела Европа, како и прекрасни примери на келтската и средновековна уметност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзложба на Танас Луловски Тане во Даут-пашиниот амам!
Следна објаваНајпопуларни бои за новогодишната декорација!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР