Боем, сликар, декадент, но  и во истовреме и најголемиот хроничар на парискиот ноќен живот кон крајот на XIX век-(fin-de-siecle), големиот Лотрек е роден на дененешен ден во 1864 година во Париз. Заедно со Ван Гог,Паул Гоген и Сезан тој се смета за еден од најголемите преставници на постимресионизмот, и воедно еден од првите преставници на експресионистичкиот израз во сликарството.

Montmartre, северниот дел од Париз каде се стационирани уметници од целиот свет е токму прославен од големиот Лотрек. Импресивни приказни кои ги кријат тогашните париски плочници, кабареа, кафетерии, бордели сето тоа е прикажано во неговите дела кои се одликуваат со еден афирмативен однос кон животот.

Најголемото влијание на Лотрек имале Дега и Мане. Мотивите кај овие двајца великани на сликарството може подоцна да споредат и се многу слични со платната на Лотрек. Сцените од париските кафетерии завземаат значајно место во сликарството на Анри, со една разлика од познатите балерини на Дега кај Лотрек танчарките ги заменуваат поинакви сценски настапи.

Најголемиот дел од својот животен век тој го поминал во родниот му Париз. Надвор од Франција, тој престојувал неколку пати во соседната Шпанија и Англија, кадде лично се запознал и другарувал со Оскар Вајлд и Џејмс Вислер.

По враќањето во Париз, тој најчесто се наоѓал во друштво на писатели, боеми, уметници, куртизани. Овие другарувања биле голема инспирација за неговите дела, но треба да се спомене дека неговите рани дела се разликуваат од подоцнежните.Покрај сцените од парискиот ноќен живот тој започнува со изработка на актови, на кои пак се забележува една амбивалентност на среќа и тага во истовреме. Неговиот сликарски израз е високо линеарен и ги истакнува контурите. Честопати ја поставувал бојата со тенка четка, давајќи го саканиот облик и оставајќи да се гледа белата позадина на сликата.

Од своите современици тој ги портретирал Ивет Жилбер, Жана Аврил, Аристид Бријан и Луи Фулер познатата танчарка во барот Folies Bergere, истата онаа која ја посетувал и Мане а му била инспрација за неговото последно дело наречено Un bar aux Folies Bergère.

Во тек на својата кариера, која траела помалку од 20 години, Тулуз-Лотрек создал 737 платна, 275 акварели, 363 графики, 5,084 цртежи, нешто керамика, и огромен број на непознати, изгубени дела.

После смртта на Тулуз-Лотрек, неговата мајка, Грофицата Адела Тулуз-Лотрек, и Морис Жојан, трговец со уметнички слики, ја промовирале неговата уметност. Мајка му придонела со фонд за изградба на Музеј на Лотрек во Алби, неговото родно место, за да ја “здоми“ неговата уметност. На аукција во 2005 година, во аукциската куќа Кристис поставен е рекорд кога сликата “Перачката“, е продадена за 22.4 милиони долари.

Во продолжение погледенете дел од неговите дела кои се сведоштво за уметникот кој поседувал неверојатно чувство на иронија и вешт потез на една сликарска рака.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР