На петти декември со почеток  во 20.00h ќе се одржи Свечена академија во Националната Галерија на Македонија (НГМ) по повод 70 години од нејзиното создавање.

Публиката ќе има можност да проследи уметнички дела од познати автори како и голем број на архивски материјали поврзани со самите почетоци и развитокот на галеријата.

На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956 година кои сведочат за успешната приказна поврзана со формирањето на галеријата.

ВАЖНА НАПОМЕНА: За настанот присуството ќе биде можно само со покана и со потврда на присуството на: contact@nationalgallery.mk!!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР