Застрашувачко ремек-дело на модерен класик на американскиот книжевен великан Стивен Кинг за седум возрасни луѓе кои се враќаат во својот роден град за да се соочат со еден кошмар кој се случил во нивното детство … со безимено зло, кое го нарекуваат се ТОА (IT).

Добредојдовте во Дери, во американската држава Мејн. Дери е град кој силно наликува на родното место на повеќето од нас. Само гневот во Дери е реален.

Беа седум деца кога за прв пат сфатија што е страв. Сега се успешни мажи и жени кои го “освојуваат светот” со своите таленти и сите на свој начин се успешни и среќни. Заради ветувањето кое го дале пред дваесет и осум години, повторно се собираат на истото место каде што тие се бореле против злото суштество кое ги ловело децата на Дери и ги јадело. Децата се повторно жртви на брутални убиства, а нивните потиснати сеќавања на тоа страшно лето се враќаат назад, како тие да се подготвени повторно да се соочат со чудовиште кое дебне од градската канализација.

Со романот IT Кинг се ослободува од сите тематски ограничувања и наместо да напише книга за таа една работа што не плаши, тој создава роман за сите чудовишта и ноќни кошмари заедно. Се чини дека авторот присуствувал на курс кај самоиот себеси, пишувајќи го овој роман. Самиот Кинг го дефинирал како “збир на сè што научил и создал во неговиот живот”.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваHelene Fischer е на врвот на листата на најбогати пејачки!
Следна објаваСвечена академија по повод 70 години од постоењето на НГМ!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР