Многу познати имиња се наоѓаат на врвот на листата на Форбс, за најплатените пејачки во светот, меѓу кои се Кети Пери, Тејлор Свифт и Ријана. Но, името на Хелена Фишер е речиси непознато во светот на музиката, но оваа пејачка е побогата од Селин Дион и Бритни Спирс.

Имено, 34-годишната германско-руска ѕвезда Фишер се наоѓа на осмата позиција на листата на најбогати пејачи на Форбс. Нејзиното богатство се проценува на 32 милиони долари.

Според извештаите на странските медиуми, неодамнешната турнеја на Фишер по Германија, Швајцарија и Австрија беше седмата најпрофитабилна турнеја во светот оваа година.

За само 12 години професионална музичка кариера, Фишер освоила дури 16 престижни германски музички награди Echo и продала околу 15 милиони албуми.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Моќта на плакатот“ како мото за 11. издание на Скопје постер фестивалот
Следна објаваСветски бестселер: “IT” Застрашувачко ремек-дело Stephen King!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР