Скопје постер фестивалот го празнува отворањето на новата деката во својата историја.

Фестивалот, настан за промоција на плакатот и дизајнот воопшто, манифестација која застапува одбрана на квалитетниот плакат и единствен од овој карактер во регионот, го отвора своето 11. издание.

Отворањето на овојпат ревидираниот програмски фестивал, чие мото годинава е „Моќта на плакатот”, ќе се офржи на 26 ноември, понеделник, во Мултимедијалниот центар Мала Станица, со почеток во 19 часот.

Фестивалските изложби ќе вклучуваат претставување на над 200 плакати, поставки на тема „Моќта на плакатот”, дела од Славимир Стојановиќ, плакати од победниците на претходните 10 фестивали, плакати од постер-акцијата против загадувањето во земјава насловена „Смогје“ и плакати на млади дизајнери од Унгарија.

Славимир Стојановиќ Футро, како специјален гостин, освен со свои дела, пред македонската публика ќе го претстави својот оригинален роман со илустрирани раскази насловен „Девет”. Промоцијата и дружењето со Славимир е на 27 ноември, вторник во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк”.

  1. Скопје постер фестивал ќе биде отворен за посетители до 6 декември.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваКОНЦЕРТИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈНОТ ВО СКОПЈЕ
Следна објаваHelene Fischer е на врвот на листата на најбогати пејачки!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР