На Неделата на дизајнот во Скопје годинава ќе има десет концерти на музичари и диџеи од регионот, кои ќе настапат на сцената во поткровјето на Јавна соба.

Еден од ѕвездите на разновидната музичка програма годинава е српскиот музички продуцент и диџеј Марк Фанк кој веќе настапи на отворањето на 21. ноември и приреди неверојатно искуство за скопјани. Фанк веќе 15 години настапува како диџеј, а заедно со Дени Круз во 2014 ја отвори издавачката куќа „Круз мјузик“ (Cruise Music), која е една од најуспешните издавачи на џекин и фанки хаус во светот.

Што се однесува до овој музичко забавен дел на Неделата на дизајнот во Скопје, вечерва (23. ноември) настапува хрватската диско-панкатракција „Лолобригада“ со почеток во 22 часот. Групата постои 15 години, а во 2009 освојува награда за најдобар бенд на Балканот на Ем-Ти-Ви Европа. Трите албуми, „Cartoon explosion“, „Lollobrigida Inc“ и „Пилула“ се исполнети со силна енергија и откачени стихови. „Лолобригада“ е единствениот бенд што 11 пати свирел на фестивалот Егзит, а има концерти и на најголемите фествали на Балканот.

Денес (24. ноември) својот концерт ќе го одржи српскиот џез состав ЗАА кој е препознатлив по своите концерти на фестивалите Егзит и Реге Србија. Постоjат 10 години, a позади нив се 3 албуми – „ЗАА“ (2010), „Good Things“ (2011) и „What About“ (2014). Концертот започнува во 22 часот на поткровјето на Јавна соба.

Во текот на фестивалот свои настапи ќе имаат и диџеите Константин, Еми Ермилова, Соул Кејс.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.

Активностите ќе се реализираат во Јавна соба и Лукс секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

 

Повеќе информации на: www.ministryofpleasure.net

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава,,DERMAOXY”- најнов холивудски третман за подмладување!
Следна објава„Моќта на плакатот“ како мото за 11. издание на Скопје постер фестивалот
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР