Откриваме една од најдобрo чуваните тајни на Доминикaнската Република …

Само една година откако ураганот Марија направи неверојатна штета во овој дел од светот, луксузното одморалиште, Secret Bay, се враќа на сцената и е подобро од било кога досега.

Secret Bay, единственото одморалиште со пет ѕвездички во овој дел од светот, повторно ќе им посака добредојде на своите гости од овој ноември, нудејќи им подобри вили, сосема нова вила и комплетно нови погодности, кои нудат дури и поголемо романтично искуство отколку порано.

“Не можеме да дочекаме да ги поздравиме нашите ценети гости, како и новите посетители”, рече Gregor Nasief, сопственик на ова одморалиште. “Secret Bay е создаден како дестинација за патниците кои сакаат да го откријат своето скриено парче од рајот, лоцирано во природата, со цел да се поврзат со најважниот дел од нивниот живот, а ние навистина се радуваме што повторно ќе им го понудиме тоа искуство”.

Ова одморалиште започнало како љубовна приказна. Дедото на Gregor, Fruto Vivas, наградуван латиноамерикански архитект, креирал архитектонски планови за ова бутик одмаралиште и оригинални вили за меден месец, како свадбен подарок за Gregor и неговата ќерка Sandrа.

Сега, ова приватно и интимно одморалиште, истата таа посветеност ја нуди на свиоие гости, со истата страст, презентирајќи ја како идеална дестинација за парови, прослава на годишнини, свадби, меден месец или едноставно како бегство од секојдневниот живот.

Secret Bay има ограничена колекција од шест одржливи, луксузни вили кои се нурнати во природата и сместени на еден рид за да имаат поглед кон Карипското Море. Понудата вклучува трансформативни искуства, убави јадење, велнес, прекрасни вили и постојан пристап до скриени плажи.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо Њујорк се одржа долго очекуваната модна ревија на Victoria’s Secret!
Следна објаваГламурозниот изглед се враќа на сцена оваа зима!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР