Историја на замокот Нојшванштајн

Замокот Нојшванштај или на германски Schloss Neuschwanstein, во превод „нова лебедова карпа“ е изграден во XIX век на стрмен рид близу Хоеншвангау и Фисен во југозападна Баварија во Германија. Негов нарачател бил кралот на Баварија Лудвиг II кој го користел како своевидно засолниште, обогатено со елементи кои му оддаваат почит на композиторот Рихард Вагнер, кој претставувал инспирација за кралот. Иако на јавноста не ѝ е дозволено да ја фотографира внатрешноста, овој замок е најфотографираниот објект во Германија и една од најпопуларните туристички дестинации.
Дворецот се состои од стражарница, одрина, витешки дом со квадратна кула, и утврден замок, со две кули на западниот крај. Целата композиција има мошне театрален ефект, како од надворешноста, така и во внатрешноста. Влијанието на кралот е насекаде очигледно, особено бидејќи бил силно заинтересиран и зел активно учество во дизајнот и украсувањето.
Се наоѓа на алпската планина со поглед на долината Швангау. Замокот бил изграден како повлекување на кралот Лудвиг II, како и во чест на Рихард Вагнер, германски композитор кој Лудвиг го спонзорирал, a бил и опседнат од неговите приказни!

Замокот ги заменил урнатините на еден средновековен замок со нов замок кој кралот бил планиран да биде за негово лично повлекување. Бидејќи кралот платил за изградбата на овој замок од сопствените средства, а не од баварската ризница, тој морал да позајмува многу пари, што го довело до банкрот. Неговата изградба започнала во 1869 година а се претпоставува дека бил завршен во 1892 година.

Лудвиг не примал посетители во замокот, но по неговата смрт во 1886 замокот бил отворен за јавноста (делумно за да можат да се отплатат долговите во кои влегол кралот при изградбата). Оттогаш до денес замокот го имаат посетено над 50 милиони луѓе. Годишно Нојшванштајн добива 1,3 милиони посетители, со над 6.000 посетители дневно во текот на летото.Нојшванштајн се среќава во неколку филмови, а меѓу другото послужил и како инспирација за замоците во забавните паркови Дизниленд на неколку локации во светот.

Денес дворецот е во сопственост на покраината Баварија, за разлика од блискиот замок Хоеншвангау, кој е во сопственост на поглаварот на семејството Вителсбаховци, моментално војводата Франц. Од 1990 г. наваму, баварската влада има потрошено преку 14,5 милиони евра за одржување на замокот, негово реновирање и посетителските услуги

Дворците на Лудвиг II биле првите објекти кои користеле струја (т.е. Венерино грото во Линдерхоф) и други современи средства. Со неговите проекти, Лудвиг одржувал во живот многу занаети, кои инаку би изумреле, со кои исто така овозможувал работа и приходи за многубрајни занаетчии, мајстори, градежници и уметници. Нојшванштајн е еден од најпопуларните замоци во Германија кои туристите сакаат да го посетат кога доаѓаат во Баварија. Тоа е едно од најкласичните дневни патувања од Минхен и секој турист кој дошол сака да го посети замокот.

Слика со замокот насликна од Адолф Хитлер

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзбери ХОТЕЛ, чаша ВИНО и уживај во КИНО за петочка после-работна забава
Следна објаваЗимски капути со потписот на MANGO!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР