Годинава имавме мошне топла есен помалку необично за овој период, но таа полека си заминува, а во очекување на зимата, секако почнуваме да размислуваме да ја подновиме нашата гардероба со убав стилски дизајниран зимски капут.

Новите модели на волнени капути потпишани од Манго, се модни парчиња кои ќе ве воодушеват со своите дезени и материјали.

Оваа година “ин” се монохроматски но и шарени дезени од кои карото го носи приматот во колекцијата. Должините варираат до и под колена. Кажано со модниот јазик, можеби едно од најважните модни парчиња кои треба да ги поседува една дама во зимскиот период  со стил е токму ваков убав зимски капут..

Долгите волнени капути на Манго се совршен избор за оваа зима!

Погледнете ги и одберете го вашиот омилен модел!

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР