Кристалите покрај тоа што се омилени кај љубителите на накит, тие се објект на интересирање кај изучувачите на хомеопатија, кои открија дека истите имаат лековито дејство врз оној што ги носи.

Од неодамна тие се сметаат за идеална замена за дијамантите и се повеќе луѓе се одлучуваат за кристалите при изборот на веренички прстени.

Се повеќе познати имиња од јувелите се одлучуваат за креирање на своите колекции токму со украсување на кристали.

Во оваа прилика ние направивме избор за вас доколку се двоумите за каков веренички прстен да изберете!

1.Рубин

Рубинот е драг камен најчесто со црвена боја. Тој е едден од варијациите на минералот КОРУНДА(алуминиум оксид). Бојата варира од розева до темно црвена. Природните рубини се многу ретки. Кога станува збор за нивната цена таа највеќе се одредува според бојата. Најценета е темно црвената боја.

2. Месечев камен

Познат уште е и под името “Женски камен”. Дали сте знаеле дека овој камен го менува својот сјај под влијание на месечевите мени.

3. Тиркиз

Бил омилен кај многу древни народи, посебно кај старите Египќани и Ацтеките. Го нарекувале и “Небесен камен”. Неговата боја зависи многу од количеството на другите минерали кои ги содржи. Кога содржи повеќе бакар тогаш е син, додека со поголемо присуство на железо и двовалентен хром тој добива зелена боја.

 

4. Морганит

Изгледа многу сензуално и женствено, идеален избор за сите кои ја обожуваат нежната розе боја.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР