Мушмулите се моќно средство кое благотворно делува на целиот организам. Со векови се користи за дигестивни проблеми – го потиснува цревното и воспалението на желудникот и ја елиминира надуеноста. Поради својата антивирусна и антибактериска активност, помага да се олесни воспалението на крајниците и респираторниот тракт. Дивата круша е богата со хранливи и лековити состојки.

Мушмулата е богата со витамини Ц и витамини од групата Б. Таа е извор на калиум, калциум, железо и магнезиум. Мушмулите се природен лек кои можете да ги искористите на многу начини. Зрелите плодови се одличен лаксатив и диуретик. Пектинот присутен во ова овошје помага во намалување на холестеролот, ја подобрува функцијата на дебелото црево, го спречува запекувањето и помага да се излечат разни воспалителни процеси во телото. Зелените плодови не се погодни за консумирање, но се користи во форма на чај за лекување и ублажување на многу здравствени проблеми.

За целите на лекување листот се собира во пролет, а во форма на чај е многу ефикасен за запирање на крварење и за лекување на болести на непцата и усната шуплина. Цветот се суши и се конзумира во форма на чај за да се подобри варењето. Кората од дрвото се отстранува во пролет или есен. Во народната медицина се користи за лекување на маларија. Семињата на мушмулата, исто така, имаат лековити својства.

Вкусот на целосно зрели плодови е слатко-кисели. Делумно наликува на круша или костен пире. Освен конзумирање во свежа форма, плодот на мушмулата може да се користи за подготовка на вкусни и здрави џемови, лековити ликери и ракија.

Покрај убавиот вкус и здравствените придобивки, ова овошје припаѓа на семејството на ружи а големите, бели цвеќиња се вистинска декорација на ова растение кои се појавуваат кон крајот на пролетта.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРаперот Trevis Skott е sвезда во новата кампања на Saint Laurent!
Следна објаваМетаморфоза I современ балетски перформанс |
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР